Во Сирија продолжуваат бомбардирањата и борбите

Сиријски активисти соопштија дека владините сили денеска продолжиле да ги напаѓаат упориштата на опозицијата при што имало и судири со бунтовнички борци. Се јавува за најмалку двајца загинати во жестоките престрелки во северната провинција Идлиб. Владините сили, исто така, бомбардирале населени места до главниот град Дамаск. Во меѓувреме, специјалниот пратеник на Обединетите нации и на Арапската Лига, Кофи Анан денеска во Москва, а потоа и во Пекинг ќе разговара за решавање на кризата во Сирија. Во минатата недела Анан соопшти дека испратил тим во Дамаск да разговара за распоредување меѓународни посматрачи со цел запирање на крвопролевањето во таа земја кое почна пред една година и однесе над 8 илјади животи.