Проширувањето на ЕУ приоритет на Кипар како претседавач

Никола Попоски

Проширувањето на Европската унија со земјите од Балканот ќе биде меѓу врвните приоритети на кипарското претседателство кое почнува на 1 јули годинава. Ова, како што соопшти македонското министерство за надворешни работи, го изјавил шефот на кипарската дипломатија Ерато Козако Маркулис на вчершната средба во Брисел со министерот Никола Попоски. Притоа, според Маркулис, Кипар првенствено ќе се раководел од поширокиот европски интерес. Министерот Попоски вчера разговарал и со неговиот српски колега Вук Јеремиќ, со посредникот во дијалогот меѓу Белград и Приштина Роберт Купер и со еврокомесарката одговорна за меѓународна соработка и хуманитарна помош Кристалина Георгиева.