Во понеделник во Сеул средба Обама - Медведев

Рускиот претседател во заминување Дмитриј Медведев во понеделник во Сеул ќе има средба со американскиот претседател Барак Обама, е соопштено денеска во Москва. Двајцата претседатели ќе присуствуваат на самитот за нуклеарна безбедност, а како теми за нивната билатерална средба се наведени анти-ракетниот штит во Европа и кризата во Сирија.