ЕУ со нови мерки против Сирија, Иран и Белорусија

Катрин Ештон

Министрите за надворешни работи на Европската Унија, на денешниот состанок во Брисел воведат нови санкции против Сирија, Иран и Белорусија.
Дипломатите соопштија дека и сопругата на сиријскиот претседател Башар Ал Асад е на листата од 12 личности на кои им е забранет влез и смрзнати сметките во земјите на Европската Унија.
Претходно вакви санкции беа воведени за 150 сиријци, поврзани со режимот на Асад. За Иран црната листа од 61-на личност, проширена уште за 18 лица, а во врска со Белорусија, ембарго се воведува за 29 фирми и 12 луѓе.
Досега 230 лица од Белорусија се на црната листа на ЕУ.