Папата замина во посета на Мексико и Куба


Папата Бенедикт денеска замина во посета на Мексико и на Куба, што е негово прво патување во Латинска Америка откако е поглавар на римо-католичката црква. За време на посетата на Куба, како што е најавено, Папата ќе зборува и за почитувањето на човековите права, но не се предвидени средби со кубански дисиденти.