Кина повикува на воздржаност на Корејскиот Полуостров

Кина повика на воздржаност во врска со најавите на Северна Кореја дека ќе лансира ракета во следниот месец. Претставник на кинеското министерство за надворешни работи изјави во Пекинг дека ниедна земја не треба да превзема чекори со кои уште повеќе ќе се искомпликува ситуацијата. До оваа реакција доаѓа откако Јапонија денеска соопшти дека ќе распореди систем за анти-ракетна одбрана како превенција од можни компликации на северно-корејското лансирање.