Јапонија ја засилува против-ракетната одбрана

Јапонскиот министер за одбрана Наоки Танака денеска наредил распоредување систем за против-ракетна одбрана поради најавите дека Северна Кореја, во наредниот месец, ќе лансираракета во вселената. Танака изјави дека американски проектили од типот Патриот ќе бидат распоредени на островот Окинава, како и три воени бродови во случај северно корејското лансирање на сателит во вселената да не оди според планот, односно доколку ракетата го смени предвидениот правец.