Туркменистанска висока делегација во посета на САД

Вицепрмиерот и министер за надворешни работи на Туркменистан Рашид Мередов

Туркменистанска делегација предводена од вицепрмиерот и министер за надворешни работи Рашид Мередов е во дводневна посета на Вашингтон. Мередов се очекува да разговара со американскиот претседател Барак Обама и државниот секретар Хилари Клинтон. Асистентот на државниот секретар Вилјам Блејк исто така ќе оствари средба со делегацијата.
Според соопштението, на средбите ќе стане збор за регионални безбедносни прашања, ситуацијата во Авганистан, економските односи и соработката за развој на социјалните и културни врски, како и за заштита на човековите права.