Осомничениот од Тулуз мртов

Мохамед Мерах

Според последните вести кои се повикуваат на извори во француската полиција, осомничениот за убиствата во Тулуз Мохамед Мерах кој над 32 часа беше под опсада на полицијата, бил мртов. На ова му претходела жестока престрелка при што имало и тројца повредени полицајци, од кој еден посериозно.