Ал Каеда повикува на востание во Авганистан

Ајман ал Завахири

Шефот на Ал Каеда Ајман ал Завахири изрази шокираност од снимката на која американски маринци уринирале врз тела на талибански борци. Тој ги повика авганистанците да кренат востание против, како што изјавил, ,,крстоносните свињи,,. Завахири кој го презеде раководството на Ал Каеда по убивањето на Осама бин Ладен исто така го осуди и случајното палење на копии на Коранот во Авганистан.