Геан: не се знае дали ,,убиецот,, од Тулуз е се уште жив

Повеќе од 24 часа француската полиција се обидува да го уапси главниот осомничен за убиството на тројца француски војници, како и четири лица, три од нив деца, пред Еверјското училиште во Тулуз. Министерот за внатрешни работи Клод Геан денеска изјави дека било нејасно дали осомничениот бил се уште жив, бидејќи веќе десет часа немало никакво движење во куќата каде што е опколен од полицијата. Во текот на ноќта од апартманот се слушнале две експлозии. 24 годишниот Мохамед Мерах, француски државјанин со алжирско потекло кој одбива да се предаде, изјави дека нападите ги извршил во знак на одмазда за Авганистан и за убивањето палестински деца.