Вицепремиерката Арифи во посета на Косово

Теута Арифи

Заменикот на претседателот на владата на Македонија задолжен за европски прашања Теута Арифи денеска ќе престојува во работна посета на Косово. Арифи, како што информира нејзиниот кабинет, ќе се сретне со косовскиот премиер Хашим Тачи, со вицепремиерот Едита Тахири, со министерот за европска интеграција Влора Читаку и со претседателот на Парламентот Јакуп Красниќи. На покана на Националниот демократски институт во Косово, вицепремиерот Арифи ќе учествува и на Конференцијата „Недела на жената“ и ќе има излагање на тема „Жените во политиката и во граѓанското општество“.