Воен удар во Мали

Група војници во западноафриканската држава Мали извршија воен удар, јавуваат новинските агенции. Дел од војниците се појавија на државната телевизија, објавувајќи дека паднал режимот на претседателот Амаду Тумани Туре. Војниците соопштија дека ја презеле претседателската палата и ги затвориле министрите за надворешни и внатрешни работи, како и други членови на владата. Вчера за време на посетата на министерот за одбрана на касарната во близина на Бамако војниците почнале да стрелаат во воздух, барајќи соодветно оружје во борбите против оружените групи на северот на земјата. За помалку од еден месец во Мали требаше да се одржат претседателски избори.