САД и Авганистан на добар пат за потпишување на договор

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека САД и Авганистан се на добар пат да го потпишат договорот за стратегиско партнерство со кој ќе бидат регулирани нивните односи во иднина. Клинтон ја даде изјавата по средбата со авганистанскиот министер за надворешни работи Залмаи Расул во Вашингтон.
Според Расул, поставени се цврсти темели за партнерството со САД пред повлекувањето на американските сили до крајот на 2014 година.