ОН ја предупредува Сирија да го спроведе планот на Анан

Претставникот на ОН и Арпаската лига за Сирија Кофи Анан

Безбедносниот Совет на ОН постигна договор за необврзувачката декларација која ја поддржува иницијативата на Кофи Анан за ставање крај на насилството со Сирија.
Според соопштението, Советот ја предупредува Сирија дека ќе преземе натамошни чекори доколу не ги спроведе шесте точки од планот на Анан, меѓу кои итно прекинување на огнот, отварање на дијалог меѓу режимот на претседателот Башар ал Асад и опозицијата, како и овозможување на пристап на хуманитарните групи.