САД сакаат да ги рестартираат односите со Пакистан

Американскиот амбасадор во Пакистан Камерон Мунтер

Американскиот амбасадор во Пакистан Камерон Мунтер изјави дека Вашингтон смета дека е време да ги рестартира односите со Пакистан. Изјавата на Мунтер доаѓа, откако пакистанскиот Парламент вчера започна дебата за идните врски на земјата со САД, по затегнатите односи меѓу двете земји во изминатите месеци.
Според Мунтер, Вашингтон сака да постигнат договор со Пакистан за повторно отварање на транзит рутите во земјата за снабдување на НАТО силите во Авганистан. Рутите беа затворени по воздушниот напад на НАТО во ноември при кој загинаа 24 пакистански војници.