Нигерија-Боко Харам ги прекина преговорите со властите

Напад на Боко Харам во нигерскиот град Кано

Нигериската екстремистичка група Боко Харам обвинета за серија напади при кои загинаа стотина лица ја отфрли можноста за натамошни преговори со властите во земјата. Нивното соопштение доаѓа откако шефот на Врховниот совет Ибрахим Дати Ахмад изјави дека повеќе нема да биде медијатор во преговорите меѓу двете страни. Тој изрази разочарување затоа што владата им давала информации на медиумите за текот на преговорите.
Боко Харам е обвинета за нападот на канцелариите на ОН во Абуја во минатата година.