Обама ќе ја посети бафер зоната меѓу двете Кореи

Белата Куќа соопшти дека американскиот Претседател Барак Обама следната недела ќе ја посети граничната бафер зона меѓу Северна Кореја и американскиот сојузник Јужна Кореја.
Оваа зона ја посетија и претседателите Бил Клинтон и Роналд Реган за време на нивните мандати. Посетата на Обама доаѓа во време кога Северна Кореја се согласи да запре дел од нуклеарните активности во замена за американска помош во храна.
Обама во Јужна Кореја ќе учествува и на нуклеарен самит а се очекува во Сеул да разговара и со претседателите на Русија и Кина, Дмитриј Медведев и Ху Џинтао.