„Дрeкслмајер“ објави конкурс за фабриката во Кавадарци

Германската „Дрeкслмајер груп“ на својата веб страница објави конкурс за вработување менаџери во фабриката за авто делови што планира да ја отвори во Кавадарци.
Огласените работни позиции се дел од 4.000-те вработувања што ги планира германската компанија во инвестицијата во Македонија, која, според првичните најави, ќе изнесува околу 30 милиони евра. Износот на инвестицијата и бројот на работни места неодамна го објави министерот за странски инвестиции Веле Самак, но тогаш не го каже името на компанијата.
„Дракслмајер груп“ е една од најголемите компании за производство на авто-делови. Во нејзиното портфолио се присутни изработки за BMW, Mercedes-Benz, Porche, Audi, Bugatti, Jaguar.... Основана e во 1958 година и има 53 фабрики низ светот