Ирак- Курдскиот лидер незадоволен од Малики

Масуд Барзани

Лидерот на северниот курдски дел на Ирак, Масуд Барзани го обвини ирачкиот премиер Нури ал-Малики за монополизација на политичката моќ и за прекумерна контрола врз армијата.
Барзани изјави дека останува посветена на заедничко владеење со Шиитите, но не и со Малики . Говорот на Барзани може да допринесе да се зголемат тензиите во Ирак и да се зголеми несигурноста на политичкиот систем, а може да укажува на тоа дека Барзани има намера да се повлече од коалициската влада предводена од Малики.
Курдската партија на Барзани има пет места во кабинетот на Владата на национално единство, формирана во ноември 2010 година.