Ерменија и Азербејџан блиску до договор за Нагорно Карабах

Роберт Брадке

Ерменија и Азербејџан се веројатно поблиску до договор отколку што мислат, во долготрајниот спор околу статусот на Нагорно Карабах, отцепената територија од Азербејџан, населена речиси исклучиво со етнички Ерменци. Ова е заклучокот на Роберт Брадке копретседавач со групата Минск, која има за цел да го олесни решавањето на спорот.
Со групата Минск која е основана од ОБСЕ копреседаваат и Русија и Франција. На 24 овој месец групата ќе ја одблежи својата 20 годишнина. Таа помага да се одржи прекинот на огнот меѓу Баку и Ереван по три годишната војна во деведесетите години од минатиот век, но групата на дипломатски план не напредна многу.
Брадке изјави дека групата им помогна на двете страни да ги доближат ставовите околу принципите на решавање на конфликтот, но дека меѓусебната недоверба и несоработка го попречува напредокот.