Нема да бидат дозволени српски избори на Косово

Претседателот на Собранието на Косово Јакуп Красниќи изјави дека, доколку биде потребно, косовските институции и со сила ќе го спречат одржувањето на српски избори на Косово на 6-ти мај. Како што јавуваат медиумите во Приштина, Красниќи додал дека косовскиот парламент усвоил резолуција со која се забранува одржување српски локални или парламентарни избори на Косово.