Пакистанскиот парламент за преиспитување на односите со САД

Пакистанска парламентарна комисија побара да запрат нападите на американски безпилотни летала врз милитантите во Пакистан. Комисијата исто така бара безусловно извинување од НАТО за ноемврискиот инцидент, кога по грешка беа убиени 24-ца пакистански војници. Пакистанскиот парламент дебатира и за преиспитување на односите со Соединетите Држави.