Републиканците ќе одржат кампањи во Илиноис

Мит Ромни

Републиканските претседателски кандидати ќе одржат кампањи во Илиноис, петтата по големина сојузна држава. Анкетите покажуваат дека поранешниот гувернер на Масечусес Мит Ромни води во Илиноис пред почетокот на гласањето, но неговиот ривал, поранешниот сенатор од Пенсилванија Рик Санторум исто така напредува во кампањата. Санторум направи потенцијален пропуст во говорот во еден град во Илиноис, каде изјави: Не ми е гајле колкава е стапката на невработеност. Тоа мене не ми е важно”.