Медведев-нова Еврозаиска унија ќе биде формирана до 2015

Рускиот претседател Дмитри Медведев со со претседателите на земјите-членки на ЕЕЗ

Рускиот претседател Дмитри Медведев изјави дека земјите-членки на Евроазиската економска заедница постигнале договор да формираат нова Евроазиска унија до 2015 година. Медведев денеска се сретна со претседателите на земјите-членки Белорусија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан и лидерите на набљудувачките земји Ерменија, Молдавија и Украина.
Според него, двете страни се договориле натамошната интеграција меѓу земјите-членки на организацијата да биде со цел основање на нова Евроазиска унија.