Црвенковски оствари средба со евроамбасадорот Орав

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски денеска оствари средба со новиот евроамбасадор во Македонија Аиво Орав. Според соопштението, Црвенковски го поздравил започнатиот дијалог меѓу Македонија и ЕУ и навел дека за да се реализираат посочените реформи во критичните области потребна е политичка волја од власта.
Орав истакнал дека Македонија треба да биде посветена на остварување на реформите, заради што побрзо започнување на преговорите со ЕУ.