Убиствата во францускиот град Тулуз извршени со истиот пиштол

Француската полиција врши истрага на местото на убиството пред еврејското училиште во Тулуз

Француската полиција соопшти дека пиштолот кој бил употребен за убиството на четири лица пред едно еврејско училиште во Тулуз е истиот со кој биле застрелани тројца војници во регионот во минатата недела.
Францускиот претседател Никола Саркози го нарече инцидентот национална трагедија. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека убиствата се одвратни. ЕУ, САД и Ватикан го осудија нападот.