Попоски во работна посета на Германија

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Германија. Тој ќе се сретне со група германски парламентарци, со претседателот на Комисијата за прашања на ЕУ, Гинтер Крихбаум и со неговиот германски колега Гидо Вестервеле.
Попоски со Вестервеле се очекува да размени мислења за политичките и економските односи меѓу двете држави, за процесот на интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, како и за регионалните и мултилатералните прашања.