Немири на натпреварот меѓу Панатинаикос и Олимпијакос

Дербито на грчкиот фудбал меѓу Панатинаикос и Олимпијакос синоќа беше прекинато поради насилно однесување на навивачите, кои се судрија со полицијата на и околу стадионот во Атина. Натпреварот најпрвин беше прекинат пред почетокот на второто полувреме, кога симпатизерите за Панатинаикос фрлаа по полицијата со факели, столчиња, молотови коктели. Немирите ескалираа пред крајот на натпреварот, по што судијата реши да го прекине во 83 минута. Во немирите биле повредени дваесетина полицајци, додека над 50 хулигани биле приведени.