Самит на Евроазиската унија во Москва

Претседателите на Русија, Белорусија и Казахстан - Дмитри Медведев, Александар Лукашенко и Нурсултан Назарбаев.

Русија е домаќин на редовниот Самит на Евроазиската унија што денеска треба да се одржи во Москва. Најавено е дека ќе присуствуваат претседателите на Русија, Белорусија и на Казахстан. Рускиот претседател Дмитри Медведев изјави дека ќе се разговара за понатамошна економска интеграција со одредени земји од поранешниот Советски Сојуз. Новинската агенција ИТАР-ТАСС објави дака украинскиот претседател Виктор Јанукович ќе присуствува како набљудувач.