Тројца загинати при бомбашкиот напад во Сирија

Сириски активисти соопштија дека најмалку 3 лица загинале, а 25 се повредени при експлозија на автомобил бомба во градот Алепо. Нападот се случил во близина на безбедносна зграда. Медиумите јавија дека имало инцидент кој се случил меѓу две згради.
Во вчерашниот бомбашки напад во Дамаск загинаа 27 лица.