Целите на САД во Авганистан остануваат исти

Генералот Мартин Демпси

Американскиот генерал Мартин Демпси изјави дека целите на САД во Авганистан остануваат исти и покрај последните случувања во земјата. Тој повика на целосна истрага за убиството на 16 цивили во покраината Кандахар.
Американскиот војник Роберт Бејлс, кој е осомничен за нападот се наоѓа во изолација во воен затвор во САД. Според Демпси, наредната година ќе биде клучна, бидејќи авганистанските сили ќе започнат да ја преземаат контролата врз безбедноста во земјата.