Сириска влада - Мир ако бунтовниците го положат оружјето

Антивладини протести во Сирија.

Режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад соопшти дека сака да го прекине едногодишното крвопролевање во земјата, но оти опозициските групи мора први да го положат оружјето. Ова се наведува во писмото што сириската влада го упатила до меѓународниот пратеник за Сирија Кофи Анан, објави агенцијата Асошиејтед прес.

Тимот на Анан преговара со сириските власти за окончување на насилствата.