Груевски - Успешно привлекуваме странски инвестиции

Премиерот Никола Груевски.

Владините мерки за привлекување странски инвестиции даваат резултати, оценува премиерот Никола Груевски, кој рече дека 2011 година, со 306 милиони евра, е трета најуспешна година по привлекување странски инвестиции во историјата на независна Македонија.

Според него, тоа е резултат на поставување промотори насекаде во светот, поставување два министри кои се задолжени за тоа, промени на законите во правец на подобрување на условите за инвеститорите и за правење бизнис во Македонија и на инвестиционите промоции во различни држави.

Тој најави дека турската компанија Лимак во Македонија ќе вложи над 100 милиони евра само во градежниот сектор, а планира и дополнителни 100 милиони евра во туризмот, енергетиката и земјоделството.