Турскиот премиер Ердоган ја одложи посетата на Германија

\

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ја откажа посетата во Германија, предвидена за денеска, поради загинувањето на 12 турски војници вчера во Авганистан, се наведува во соопштението на прес-службата на премиерот.
Ердоган требаше да учествува во Келн на конгресот на млади и спорт во Европа, а исто така и на церемонија за врачување на наградата Стејгер во Бохум.
Патувањето на Ердоган во Германија требаше да биде првото во странство по неговите две операции.