Роберт Белс е војникот кој уби 16 цивили во Авганистан

Кандахар - 11 Март

Американскиот војник кој уби 16 авганистански цивили се вика Роберт Белс, објави американската војска.
Тој се уште не е обвинет и се наоѓа во Форт Лавенфорт во Канзас каде е префрлен од Авганистан преку Кувајт.
Претходно беше речено дека станува збор за 38 годишен наредник со 11 годишен стаж во Армијата.