Во пожар во Загреб, деветмина повредени

архива

Во пожарот што денеска попладне избувна во еден погон на фабиката за производство на лекови Плива во Загреб биле повредени девет лица, соопшти хрватската телевизија. Се прецизира дека повредените биле префрлени во болница, додека пожарот бил ставен под контрола.