Молдавија по три години доби шеф на државата

Николае Тимофти

Парламентот на Молдавија го избра Николае Тимофти за шеф на државата со што е надминат тригодишниот ќорсокак во кој западнаа политичките партии во изборот на претседател. Тимофти кој е кандидиран од владејачката прозападна алијанса, денеска успеа да ги добие потребните три гласови од комунистичката опозиција за да стане претседател на Молдавија.