Продолжува министерска конференција за граничната безбедност во ЈИЕ

Денеска во Скопје продолжува деветата годишна министерска конференција за соработка на полето на граничната безбедност во југоисточна Европа.
По завршувањето на работните сесии најавено е потпишување Министерска декларација за соработка на полето на граничната безбедност 2012 година. На дводневниот собир учествуваат министрите за внатрешни работи на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, како и заменици министри и високи функционери во министерствата за внатрешни работи на Молдавија, Романија, Албанија, Чешка, претставници на ЕК, Еуропол и претставници на дипломатскиот кор.