Штрајк со глад на затвореници во Авганистан

Авганистанските власти соопштија дека околу 100 затвореници штрајкуваат со глад против лошиот третман во установата. Сервисот на Радио Слободна Европа во земјата јави дека затворениците веќе три дена одбивале да јадат. Тие се жалат дека затворот е преполн, нема доволно храна и дека им бил запленет куранот.
Од затворот ги негираа тврдењата.