Косовскиот Парламент со резолуција против српските избори

Косовскиот Парламент

Косовскиот Парламент денеска изгласа предлог-резолуција против организирањето на српски избори во земјата за која се изјаснија сите 75 присутни пратеници. Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави пред пратениците дека опасни се најавите за одржување такви избори во земјата.
Според него, доколку дојде до промена на границите на Балканот, Албанците најдобро и најлесно би можеле да живеат во една држава.