Ахмети-дијалогот е всушност започнување на преговори со ЕУ

Али Ахмети, претседател на ДУИ

Претседателот на ДУИ Али Ахмети по денешната средба со еврокомесарот Штефан Филе изјави дека дијалогот на високо ниво е всушност започнување на преговорите, бидејќи на ист начин продолжуваат и другите земји кои што и официјално ги започнуваат преговорите за членство во ЕУ.
Според него, дијалогот има и симболично значење и праќа порака да не се изгуби довербата за унапредување на прогресот на земјата кон европското семејство, но претставува и мотив повеќе да се работи.