Албанскиот шеф на дипломатија во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи Никола Попоски со албанскиот колега Едмонд Хаџинасто при посетата на Тирана

Албанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Едмонд Хаџинасто утре ќе престојува во еднодневна официјална посета на Македонија. Според соопштението, Хаџинасто ќе оствари средба со македонскиот државен врв и неговиот домаќин, министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Се очекува, разговорите да бидат во насока на продлабочување на билатералната и регионалната соработка, како и евроталанската интеграција на двете земји.