ММФ - на Грција и требаат 10 години

Атина

На Грција и се потребни повеќе од десет години за да стане конкурентноспособна и земјата треба стриктно да ја примени антикризната програма, бидејќи постои голема опасност таа да пропадне и да излезе од еврозоната, се наведува во извештајот на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд.
Извештајот е изготвен од тимот, предводен од Пол Томсен, кој ја проверуваше финасиската состојба во Грција поради траншите од новиот заем кои беа отпуштени за земјата.
ММФ смета дека конкурентноспособноста може да биде постигната, доколку Грција успее да изврши „голема внатрешна девалуација“