Протести на полските граѓани против реформите во пензискиот систем

Со транспартенти и скандирања „Влада наша, беда наша“, опозиционата десница и синдикатите за Солидарност организираа протести на полските граѓани низ улиците на Варшава поради реформите во пензискиот систем. Со предложените реформи, меѓудругото е предвидено изедначување на рокот за заминување во пензија на мажите и жените на 67 годишна возраст. Лидерот на конзервативната партија Јарослав Качински изјави дека ваквата реформа на владата на премиерот Доналд Туск е напад врз пензиите на Полјаците.