Ирак постигна договор со Кувајт за авионскиот спор

Ирак постигна договор во износ од 500 милиони долари со Кувајт за решавање на спорот за долгот од Заливската војна во 1990-91 година. Помошникот на ирачкиот премиер Али ал Моусави изјави дека земјата ќе му плати на Кувајт 300 милиони долари во кеш, а другите 200 милиони ќе ги инвестира во заедничка авиокомпанија.
За возврат Кувајт нема правно да ја гони ирачката авиокомпанија, чии долгови потекнуваат од долгогодишниот спор, поради инвазијата на Садам Хусеин на Кувајт во август 1990 година, кога неговата војска ги запленила авионите, пред да биде протерана од меѓународните сили.