Серија на земјотреси во Јапонија

Серија на земјотреси го погодија Токио и севериосточниот дел на Јапонија, три дена по одбележувањето на годишнината од масовниот земјотрес и цунамито, при кои загинаа 19 илјади луѓе и земјата се соочи со голема нуклеарна криза.
Според извештаите, земјотресите бил со јачина до 6.8 степени според Рихтеровата скала. Еден од нив предизвикал цунами високо од 20 сантиметри при што бил издаден налог за евакуација на лицата кои живеат во близина на пристаништето. Нема информации за жртви или штети.