Британскиот премиер Камерон пристигна во Белата куќа

Британскиот премиер Дејвид Камерун и американскиот претседател Барак Обама

Британскиот премиер Дејвид Камерон при церемонијата во Белата куќа на која беше пречекан од американскиот претседател Барак Обама изјави дека двете земји се обединети „за слободата и претпријатијата“. Според Обама, алијансата меѓу САД и Британија е една од најдобрите во светот.
Двајцата лидери се очекува да разговараат за кризата во Сирија, застојот во нуклеарните преговори со Иран и безбедносната ситуација во Авганистан.