Анан има прашања за одговорот на Асад за мировниот план

Меѓународниот медијатор Кофи Анан

Меѓународниот медијатор на ОН и Арапската лига Кофи Анан потврди дека добил одговор од сирискиот претседател Башар ал Асад на неговите предлози кои се со цел да се стави крај на кризата во земјата. Според соопштението, Анан има прашања на одговорите кои ги добил од Асад.
Во меѓувреме рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров испрати критики до Асад за одложувањето на реформскиот процес.