Иванов и Попоски се сретнаа со генералниот секретар на ОБСЕ

Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер

Претседателот Ѓорге Иванов на денешната средба со генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер истакнал дека Македонија високо ја цени улогата на организацијата и поддршката што ја дава на властите во повеќе сфери. Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, го информирал Заниер дека клучниот предизвик за Македонија е да се деблокира статус-кво состојбата во интеграциите.
Министерот за надворешни работи Никола Попоски со Заниер разменил мислења за прашањата во интерес на ОБСЕ. Попоски се заблагодарил на поддршката на организацијата и нејзината мисија во Македонија кон реформските активности на властите.